ЖФК Каменица САСА со убедлива победа против ЖФК Речица се враќа на победничките патеки

Во рамки на 12. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипите на ЖФК Речица и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат 0:6 за гостите од Македонска Каменица.

 

 

– Имаме победа и нови три бодови во Речица. Прикажавме одлична игра во денешниот натпревар. Задоволни сме од натапот на сите поединци на теренот, особено кога ќе ги земеме во предвид тешкиот терен за и неповолните временски услови, – истакнаа од ЖФК Каменица САСА по натпреварот.

Стрелци на натпреварот за каменичката екипа беа Ева Андонова со 4 голови и Ана Димитровска со 2 погодока.

ЖФК Каменица САСА во претходните две кола, на двапати одигра нерешено и тоа против ЖФК Асс Јунајтед и против директниот конкурент за лидерското место на табелата, второпласираниот ЖФК Љуботен од Тетово.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *