ЖФК Каменица САСА со “петарда” ја нагости прилепска Цевитана

Во рамки на 18. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, нашата екипа ЖФК Каменица САСА со 5:0 ја совлада прилепска ЖФК Цевитана.
Стрелци на головите беа Нанока Иригучи со два погодока, Ана Димитровска, Мајса Делгадо и Ева Андонова со по еден погодок.

– Висока победа и нови три бодови.
Целосна иницијатива и доминација на теренот во сите 90 минути, резултираа со уште една заслужена победа во низа, – истакнуваат од каменичкиот женски фудбалски клуб

Во прилог табела од моменталниот распоред на табелата и резулатите по комплетирањето на 18. Коло од ПМФЛ (Жени).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *