ЖФК Каменица САСА ремизираше против ЖФК Љуботен во Македонска Каменица

Вчера се одигра 11. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, кое во Македонска Каменица донесе супер возбудлив натпревар помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Љуботен. Натпреварот иако заврши со 1:1, двете екипи со многу жестина и борбеност ги одиграа сите 90 минути.
Стрелец за ЖФК Каменица САСА за израмнување на резултатот беше Пејтон Чик во 80 минута од натпреварот. Гостите успеаа да реализираат една од малкуте шанси уште во првиот дел на натпреварот при комплетна доминација на домашната екипа. Екипата на ЖФК Каменица САСА го одигра целиот натпреварот со целосна доминација на теренот. Останаа нереализирани и неколку шанси во самиот финиш на натпреварот за целосен резултатски пресврт.

-Честитки за освоениот бод! Во секој аспект ги надигравме гостите, но сепак стигнавме само до бод. Од прва до последна одлични, тимски дух и борбеност како што им доликува на најдобрите! – стои во соопштението од ЖФК Каменица САСА по завршувањето на натпреварот.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *