ЖФК Каменица САСА продолжува со подготовките за Лига на шампиони по добиените негативни резултати на Ковид 19

Македонска Каменица, 30.07.2020 година – После освоената титула во Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА е во очекување на ждрепката за натпреварите од Лига на шампиони. Тимот не престанува со подготовките за претстојната сезона во која влегува како фаворит за потврда на годинешниов успех. Во таа насока, екипата е комплетна и работи со полн интензитет, со предвидената динамика за подготвителниот тренажен процес.

Изминатиот викенд, екипата на ЖФК Каменица САСА покрај останатите призанија, доби награда за Најдоброто од Истокот во областа на спортот. Манифестација која е во организација на новинарите од регионот, преку која најдобрите достигнувања во повеќе области од минатата година се одбележуваат со награди.

Исто така, ЖФК Каменица САСА ја информија јавноста дека, поради појавата на Ковид 19 во нашиот град, вчера 29.07.2020 година во Скопје, кај поголемиот дел од тимот се вршени ПЦР тестови. Резултатите кај сите тестирани фудбалерки се негативни и истите ќе продолжат со редовни тренинзи и подготовки.

Ждрепката за натпреварување и составот на групата во Лигата на шампиони ќе се одржи во првата недела од септември, а натпреварите се закажани за периодот од 07 до 13 октомври о.г. Домаќинот на натпреварите ќе биде одреден после ждребувањето за групната фаза, што е одлична шанса за каменичката поблика да следи натпревари од највисокиот ранг во женскиот фудбал, Лига на шампиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *