ЖФК Каменица САСА и шампионот на Косово одиграа без постигнати голови

Пријателскиот натпревар, кој денеска се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица, помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Хајвалиа од Косово заврши без голови. Ова беше одлична можност за играчите и двајцата тренери на клубовите, во рамки на подготвителниот период, да ги одмерат силите со противник рамен на себе. Екипата на ЖФК Хајвалија е актуелен шампион на Косово.

“Одличен, квалитетен и интензивен пријателски натпревар. Иако натпреварот се одигра без погодоци, гледачите уживаа во креативноста и борбеноста на двете екипи” – изјави Зоран Златковски, кој во оваа прилика ги наброја најсериозните шанси за гол на нашите девојки “Ленче Андреевска и Ангелика Икеда по еднаш ја погодија пречката. Не искористивме уште неколку шанси, но сепак и шампионот на Косово имаше свои шанси за погодок. Сепак, најдобрата голманка во нашата лига, Јелена Гвоздерац не им дозволи да ја затресат нашата мрежа”.

Посакувајќи им многу успеси во иднина, стратегот Златковски на гостите им посака и среќа во натпреварите во Лигата на шампиони, каде наскоро ќе се сретнат со португалскиот шампион Бенфика.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *