ЖФК Каменица САСА ве поканува на свеченото доделување на Шампионската титула за 2020/21

Почитувани сограѓани,

ЖФК Каменица САСА Ве поканува на свеченото доделување на Шампионската титула за 2020/21 година. Свеченоста започнува во 16:00 часот, пред почеток на пријателскиот натпревар на кој ќе настапат и најновите засилувања на клубот.

“Ве очекуваме заедно да прославиме и заедно да се радуваме на овој огромен успех на нашите девојки, нашиот клуб и нашиот град” – стои во поканата клубот

ЖФК Каменица САСА втора година по ред е Шампион на Македонија во женски фудбал. И годинава ќе настапи во најголемото светско клубско натпреварување Лига на шампиони, каде во првиот натпревар се среќава со фудбалскиот гигант Јувентус од Торино, Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *