ЖКК Баскет Кам ја оправда улогата на фаворит во натпреварот против ЖКК Гризли во Скопје

Овој викенд стартуваа и натпреварите од најдобрата женска лига во Македонија. На премиерата немаше вистински изненадувања. Екипата на ЖКК Баскет Кам ја оправда титулата фаворит во натпреварот против ЖКК Гризли од Скопје совладувајќи го со високи (63 – 85).
Екипата на ЖКК Баскет Кам со засилениот играчки потенцијал со неколку репрезентативки и повеќегодишни играчи од прволигашката конкуренција е еден од главните фаворити за освојување на титулата во Шампионатот и Купот на Македонија.

Преглед на целото коло:

Актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862, иако со осетно подмладен состав, славеше победа на гостувањето во Кавадарци, против Пробаскет, на крајот и убедливо и ефикасно (95-82). Мошне убедлив настап имаа и девојките на Вардар, на домашен терен дојдоа до плус од 33 поени (77-44), и најавија дека се подготвени да се вмешаат во трката за највисок пласман. Можеби мало изненадување е сигурната победа на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен, против Крива Паланка од 59-46.

Но јасно е, оваа сезона ќе биде можеби и најизедначената, особено поради промените кои се случија во двете водечки екипи во последните неколку сезони од женската сениорска конкуренција.

Прва лига (ж):
Прво коло:

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      59-46
Пробаскет – Бадел 1862      82-95
Гризли – Баскет Кам 2011      63-85
Вардар – Струга 2009      77-44

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *