ЖКК Баскет Кам среде Скопје ја победи екипата на ЖКК МЗТ Скопје

Со вчерашната победа во Скопје против ЖКК МЗТ Скопје со 77:80, екипата на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица заедно со  ЖКК Вардар остануваат единствени непоразени екипи во Првата македонска лига на Македонија.

Во тимот на Баскет Кам најефикасна беа Сања Адамовска со 18 поени, Цеце Димова со 15, Марија Николов со 13, а Катерина Поп Димитрова и Моника Зафировска постигнаа по 12 поени. 8 поени имаше Сара Максимовска, а младата Ана Милованова запиша 2 поени.

Ова покажува дека младиот тим од Македонска Каменица, со тимска игра, надополнета со борбеност во одбраната, со конкретни додавања и успешна реализација во нападот успеа да го надигра домаќинот во секој дел од играта. Во борбата против ЖКК Баскет Кам не помагаат ниту моќните засилувања од странство кои во годинешново првенство ги има во скоро сите тимови кои претендираат за едно од првите 4 места.

Вчерашниот натпревар ЖКК Баскет Кам го одигра без една од најдобрите во своите редови, репрезентивката Елена Тасевска која во минатото коло во натпреварот против ЖКК Струга 2011 се здоби со повреда на лактот.

ЖКК Баскет Кам е веќе етаблирана екипа во самиот врв на македонската кошарка и екипа која сосема оправдано атакува на двојната круна во домашното првенство и Купот на Македонија.

Следното коло ЖКК Баскет Кам го игра Супер дерби натпревар против ЖКК Вардар од Скопје. Натпреварот се игра во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *