ЖКК Баскет Кам: Митрашиновиќ доаѓа во Македонска Каменица!

ОФИЦИЈАЛНО: Митрашиновиќ потпиша со Баскет Кам

Македонската репрезентативка ќе настапува за екипата од Македонска Каменица, во претстојните мечеви до крајот на сезоната, која е највозбудлива во македонската женска кошарка последнава деценија и повеќе.

„Со завршувањето на финалниот турнир во WABA лигата и по освојувањето на второто место, ми се отвори шанса и прилика да засилам еден од Македонските клубови, кој се бори за титула. По 6 години во странство, повторно ќе настапувам за екипа во нашата лига.

Добро е чуството што повторно ќе се сретнам со голем број репрезентативки, со кои сум поминала многу заедничко време на терените. Особено во ваква ситуација, кога повеќето од клубовите носат засилувања, среќна сум што ке бидам дел од екипата на Баскет Кам.

foto: fiba.basketball

Се надевам дека ќе можам да и помогнам на мојата нова екипа, заедно да стигнеме до единствената цел, а тоа е титулата во шампионатот. Единствено што можам да кажам предвреме, е дека сезонава сигурно ќе биде интересна завршницата на лигата.“

Извор: basketball.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *