ЖКК БАСКЕТ КАМ Е НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА КОШАРКА ЗА 2023 ГОДИНА
Неколку години Баскет Кам од Македонска Каменица е во врвот на македонската женска кошарка и практично екипата доминира во сите натпреварувања, како во сениорското така и во младинските првенства. Оваа година, екипата го задржува приматот во првенството како есенски шампион, а оствари значаен триумф во плејофот против екипата на Бадел.