ЖКК Баскет Кам е есенски шампион на Македонија! Вардар замина поразен од Македонска Каменица

Марија Николов ја предводеше екипата на Баскет Кам до победа над искусниот тим на Вардар

Одличен натпревар на 17-годишната Марија Николов како организатор на играта во редовите на есенскиот шампион во Првата женска кошаркарска лига на Македонија. 22 постигнат поен и двоцифрен број на асистенции на Марија Николов беа повеќе од доволни за победа на Баскет Кам со 65:62. Со одлична тимска игра кон значајната победа на Баскет Кам ја следеа Цеце Димова со 15 поени, Катерина Поп Димитрова 11, Ана Милованова 9, Сања Адамовска со 6 поени и Сара Максимовска со 3.

Докажан тим на Вардар на чело со А. Ашаданов, не најде решение за убоитиот двоец Николов – Милованова во текот на целиот натпревар. На другата страна, тренерот Златко Гоцевски умешно и смирено ги водеше девојките на Баскет Кам во дуелот против искусните Јелена Антиќ и Едина Муса. Антиќ со 24 поени беше најефикасен и најдобар поединец во редовите на Вардар.

Со оваа победа ЖКК Баскет Кам над одличниот и искусен тим на Вардар само ја потврдува доминацијата во македонската женска кошарка. Останува единствена непоразена екипа во оваа натпреварувачката сезона и најголем фаворит за повторно освојување на двете титули во македонската кошарка.

Екипата на Баскет Кам е двоен Шампион на Македонија и победник во Купот на Македонија во 2019/20 година, а минатата натпреварувачка 2021/22 сезона е вицешампион во шампионатот и победник во Купот и Супер Купот на Македонија.

Вчерашната победа ЖКК Баскет Кам претставува дополнителна сатисфакција, како за сите играчи така и за стручниот штаб на тимот. Победата над Вардар е само потврда на квалитетот на тимот од Македонска Каменица. Акцентот на клубот, покрај постојаниот раст и развој на сениорскиот тим, останува посветеноста и вложувањето во сите младински и детски категории на натпреварувања. Оваа натпреварувачка сезона ЖКК Баскет Кам се натпреварува во сите младински женски лиги, каде бележи солидни резултати во М12, М14, М16 и М18 категориите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *