ЖКК Баскет Кам во сабота го брани трофејот во Суперкупот на Македонија против скопски МЗТ

Баскет Кам 2011 ќе го брани трофејот во Суперкупот на Македонија против ланското изненадување – МЗТ Скопје Аеродром

Македонската женска кошрка, по трет пат, ќе добие победник на Суперкупот. За трофејот ќе се борат двете најдобри екипи во ланската сезона. Освојувачот на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром и шампионот на Македонија ЖКК Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица.

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 се бранители на трофејот во ова натпреварување откако во ланското издание беа подобри екипата на Бадел 1862 совладувајќи ја со резултат (69:61).

Екипата од Македонска Каменица ја продолжува доминацијата во македонската женска кошарка. Имено, екипата на ЖКК Баскет Кам 2011 е шампион на Македонија во 2021 и 2023 година, освојувач на Купот на Македонија во 2021 и 2022 година и освојувач на Супер купот во 2022 година. На останатите финални натпревари од овие големи натпреварувања е вицефиналист, што само го потврува квалитетот и континуитетот во работата на овој млад, но силен кошаркарски центар од Македонска Каменица. 

Натпреварот од Супер купот на Македонија е закажан за 17:00 часот, во сабота на 23. Септември, со директен пренос на МРТ 3.

Нешто подоцна, од 19.30 часот ќе се игра натпреварот во машка конкуренција, во кој МЗТ Скопје Аеродром за противник има уште една дебитантска екипа во ова натпреварување, Феникс 2010 од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *