ЖКК Бадел 1862 поразен среде Скопје од супериорниот тим на ЖКК Баскет Кам

Скопје, 04.05.2021 година – Голема победа на ЖКК Баскет Кам против фаворитот Бадел 1862 на денешниот натпревар од последното коло во женската кошаркарска Супер лига на Македонија.

Неизвесна резултатска борба до самиот крај на натпреварот и конечни 54:57 во корист „Баскет Кам“ девојките. Очекуван резултат кој ја покажа новата реалност под македонското кошаркарско небо. Бадел 1862 во екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица има вистински ривал, кој молскавично го презема тронот во македонската женска кошарка.

За доминацијата на Баскет Кам во македонската кошарка доволно кажува и фактот дека досегашниот неприкосновен тим на Бадел успеа да има посериозен позитивен резултат само до крајот на првата четвртина од натпреварот. Гостите од 21:16 во првата четвртина, се вратија со 11:19 во втората за водство од +3 на полувреме. Другите две четвртини беа одиграни со идентични резултати 13:9 и 9:13.

Вториот дел, освен првите неколку минути од третата четвртина, целосно им припаднаа на гостите. Одличната игра во одбраната и сигурните додавања при брзите полуконтри допринесоа за значаен триумф на гостите. Баделки беа изненадени од фактот дека на домашен терен треба да „бркаат“ резултатски приклучок на натпреварот, што создаде дополнителна нервоза и проблеми во нивната игра.

Сепак, победникот на дербито беше решен во последните минути, кога гостинската екипа ја презема изграта во свои раце и успеа да му го нанесе првиот пораз на Бадел 1862 во Скопје.

Во најголема мерка по заслуга на одличната Гобељиќ која реализираше дабл-дабл од 23 поени и 10 скока, како и 17 поени на Митрашиновиќ.

Бадел 1862 имаше доста побалансиран напад во кој Трајчевска даде 18 поени, Стојановска 13, а Димова 10 поени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *