ЖИТЕЛИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ИДНИНА ПОЛЕСНО ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА: Претставен нов закон, се бараат 400 000 луѓе

Германскиот парламент завчера го одобри новиот закон за имиграција, дизајниран да привлече квалификувани работници во земјата, која страда од недостиг на работна сила што тежи врз економијата.

Законот беше усвоен со 388 гласа „за“ – за него гласаа владејачката СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 234 пратеници гласаа против, а 31 беа воздржани, јави Рутерс, а пренесува Танјуг.

Конзервативниот парламентарен блок составен од опозициската ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ гласаше против нацрт-законот, тврдејќи дека ќе им го олесни влезот на неквалификуваните работници.

Против тоа беше и крајнодесничарската партија АфД.

Законот вклучува систем заснован на бодови кој ги намалува бариерите за апликантите да дојдат во Германија според нивните професионални квалификации, возраст и јазични вештини.

Претходно оваа година, Здружението на германските стопански и индустриски комори (ДИХК) соопшти дека повеќе од половина од германските компании се борат да ги пополнат слободните работни места поради недостаток на квалификувани работници.

Процентот на компании кои се соочуваат со потешкотии при вработувањето е на највисоко ниво, покажа ДИХК во истражување на 22.000 компании, од кои 53 отсто пријавиле недостиг од работна сила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *