ЕКСКЛУЗИВНО: Радица Велкова – ново силно засилување и нов мотор во играта на ЖФК Каменица САСА

Добредојде за Радица Велкова – новото фудбалско име и новиот мотор во средниот ред на каменичкиот женски фудбалски клуб Каменица САСА.

– Станува збор за стандардна репрезентативка на Македонија и за досегашната најдобра фудбалерка во редовите на ЖФК Тиверија од Струмица. Официјално, сега е во нашите редови и Велкова е нашето екстра засилување во зимскиот преоден рок, – истакнуваат од ЖФК Каменица САСА за искусната и квалитетната Радица Велкова од која очекуваат сигурност во играта и нападот на теренот.

Со среќа Радица, заедно до нова шампионска титула на ЖФК Каменица САСА!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *