ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ: ФК Каменица Саса ги објави имињата на новите засилувања во своите редови

Македонска Каменица, 11. Јули 2023 година – ФК Каменица Саса од Македонска Каменица денеска ги објави новите засилувања пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во Втората фудналска лига на Македонија.

– Помеѓу денеска промовираните имиња кои во претстојната сезона ќе ги бранат боите на рударската локомотива од Македонска Каменица ги издвојуваме Махир Ајрулаху и Мухамед Бекир кои доаѓаат од екипата на Арсими, Стојче Стојов од Детонит. Александар Трајчевски и Душан Герасимовски доаѓаат од скопска Локомотива, а Христијан Митревски пристигнува како поранешен играч на екипата на Охрид, – објавија од управата на ФК Каменица Саса

Во списокот на засилувања се најде и повратникот во тимот на ФК Каменица Саса, Саше Дуков кој доаѓа од екипата на ФК Силекс. Како едно од позначајните засилувања на ФК Каменица Саса за следната натпреварувачка сезона е каменичанецот Лазар Стојановски, кој во својот матичен клуб се враќа од Ќустендил, Република Бугарија. Второ интернационално име во тимот од Македонска Каменица е Андреј Симевски кој доаѓа од екипата на Черно Море, Република Бугарија, – истакнаа од ФК Каменица Саса од каде дополнуваат дека следуваат уште две силни засилување кои наскоро ќе му се приклучат на тимот и дополнително ќе бидат објавени. 

ФК Каменица Саса веќе го претстави Баже Јанакиевски како новиот тренер на екипата. Во Македнска Каменица доаѓа од тренерската позиција на Локомотива Скопје. ФК Каменица Саса како што најави на минатонеделната прозивка со играчите, најави засилен подготвителен период, исполнет со интензивен тренажен процес и неколку пријателски натпревари за во втората половина на јули и почетокот на август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *