Екипи од Македонска Каменица вклучени во гаснењето на пожарот кај Делчево и Пехчево

Македонска Каменица, 05.08.2021 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека, вработени во Јавното претпријатие Камена Река и екипа на ТППЕ Македонска Каменица со едно теренско возило, веќе неколку денови, активно се вклучени во гаснењето на пожарот кај м.в Пасјак помеѓу општните Делчево и Пехчево.

“Според потребите, во текот на денот ќе бидат испратени дополнителни екипи и опрема. Се надеваме дека овој пожар, како и претходниот кај Кочани, час поскоро ќе биде изгаснат.
Солидарноста на дело”! – стои во соопштението од Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *