ЕД „Здравец 2002“ започна реализација на проектот „Центар за донација“ во Македонска Каменица

ЕД „Здравец 2002“ започна реализација на проектот „Центар за донација“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 15. Декември 2022 година – Еколошкото друштво „Здравец 2002“ го најави почетокот на реализацијата на проектот „Центар за донација“ кој содржи повеќе активности како Донација на стара облека (Од граѓаните за граѓаните на општина Македонска Каменица); Донација за техника за домаќинствата од социјално ранливата категорија (компјутери, бела техника и намештај); Социјални пакети за лица од социјално ранливата категорија (Од претпријатијата за граѓаните).

 

 

Со отпочнувањето на активностите од проектот ќе обезбедиме и поголема социјализација и стекнување на работни навики кај лица со посебни потреби, за таа цел ќе бидат ангажирани лица со посебни потреби од општина Македонска Каменица, – истакна Миран Митревски од ЕД „Здравец 2002“. Проектот “ Центар за донација“ во следната година ќе отвори простории за донација во сите рурални средини во општина Македонска Каменица.

 

 

На денешното отварање, покрај членовите на ЕД „Здравец 2002“ на настанот беше присутен и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи со поддршката кон социјално ранливите категории на граѓани. Преку овој проект, како и во останатите градови во државата, ќе обезбедиме дополнителна инклузија на лицата со посебни потреби во нашата заедница. Од друга страна граѓаните на општината ќе имаат простор каде во иднина ќе можат да донираат средства со кои ќе бидат вклучени во решавањето на социјалните проблеми во општината.

Носител на проектот е еколошкото друштво Здравец 2002. Истиот е поддржан од општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *