Д-р Васка Гоцевска спроведе презентација на тема „Петардите ги уништуваат празниците“ пред гимназијалците од прва година

Денеска, учениците од прва година присуствуваа на презентација на тема: „Петардите ги уништуваат празниците“. Координатор на активноста беше доктор Васка Гоцевска.

– Целта на оваа кампања е да се запознаат и едуцираат учениците од средните училишта за ризикот од употребата на петарди и другите пиротехнички средства, да се подигне свестта за сериозноста на овој проблем и да се спречат сите несакани повреди предизвикани од нив, во новогодишниот период, – стои во соопштението од текстот објавен од СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица

Оваа презентација е дел од кампањата под мотото „Петардите ги уништуваат празниците“, спроведена од Универзитетската Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија –Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *