Дури четворица поранешни фудбалери на ФК Каменица Саса настапуваат во швајцарски ФК Триенген Македонија

Дури четворица поранешни фудбалери на ФК Каменица Саса настапуваат во швајцарски ФК Триенген Македонија

Иако вчера објавивме имиња само на двајца наши сограѓани кои настапуваат во тимот на швајцарски ФК Триенген Македонија, таму се наоѓаат и Бојан Атанасовски и Цветко Јанев од Македонска Каменица. Сите четворица се доста успешни поранешни фудбалери на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Произлегуваат од младинските школи на Саса, а дел од нив беа и членови на сениорскиот тим. Денес, живеат и работат во Швајцарија, каде и настапуваат за ФК Триенген Македонија.

 

 

Цветко Јанев, препознатлив по неговата сигурна и стабилна игра, е на десната бековска позиција, Марти Темчев е голам во екипата, а брзите Бојан Атанасовски и Александар Атанасовски играат на десната и лева крилна позиција. Цветко и Бојан се релативно нови играчи во клубот, кој во минатата сезона со пласманот во четвртата швајцарска фудбалска лига го бележи и најголемиот клубски успех. Тие за Триенген настапуваат од почетокот на пролетната фудбалска сезона.

 

 

Инаку боите на Триниген Македонија ги бранат играчи од повеќе места од Македонија. Од струмичките Сушица, Иловица, Куклиш, Зубово, Василево. Имаат фудбалери и од радовишките Ораовица и Јаргулица, потоа од Демир Хисар, кочанско Оризари, но и по едно дете од Србија и Хрватска.

 

 

Во управата на клубот се Кире Гоцев, Бобан Николов, Павле Рујков, Ванчо Коцев и Живко Мицев. Клубот е формиран пред три години од ентузијасти и љубители на фудбалската игра. Минатата натпреварувачка сезона беа 6 во петата лига, но годинава, во конкуренција од 58 екипи успеаја да обезбедат пласман во четвртата швајцарска лига.

„Самиот квалитет и самиот потенцијал на екипата како и досегашниот постигнат успех за многу кратко време ни покажа дека сме на вистинскиот пат и дека со труд и дисциплина успехот за понатаму е загарнтиран“ – велат од  управата на ФК  Триенген Македонија.

 

 

Им посакуваме уште многу успеси во натпреварувањата од четвртата швајцарска лига. Со почетокот од новата натпреварувачка сезона, очекуваме редовно да добиваме и повеќе информации за нивните настапи и секако да ќе ги следиме нивните успеси во ФК Триенген Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *