Дури седум погодоци на Ана Димитровска за висока победа на ЖФК Каменица САСА во Велес

Во 7. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија се сретнаа екипите на ЖФК Борец и ЖФК Каменица САСА. Љубителите на фудбалот беа сведоци на 11 погодоци, сите во мрежата на домаќините.

Ана Димитровска постигна дури 7 погодоци и заедно со Шопска, Андреевска, Икеда и Пејтон Чик го оформија резултатот од 0:11 за ЖФК Каменица САСА.

“Денеска имаме нови три бода и заслужена победа. Бевме разиграни на теренот, незапирливи кон противничката мрежа и мотивирани за победа” – кратко изјави стратегот Зоран Златковски кој со тимот на ЖФК Каменица САСА сигурно чекори кон повторување на успесите од изминатите натпреварувачки сезони.

ЖФК Каменица САСА е лидер на табелата со 18 освоени бодови.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *