ДРАМАТА МУ ПРИПАДНА НА ВАРДАР ЗА ЛИДЕРСКО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА

Супер-дербито мораше да го одлучуваат судиите, решија дека кошот на Баскет Кам на истек на време не важи, остана победа за Вардар (64:62)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Драмата за „вардарки, за „петка“, и прво место!

Со преглед на ТВ снимка од страна на официјалните лица, и минимални (64:62) за Вардар против Баскет Кам 2011, заврши големото дерби на првиот круг од натпреварите во Првата лига-жени

ВАРДАР – БАСКЕТ КАМ 2011     64:62

По изедначената прва четвртина која заврши со минимална предност за Вардар (18:17), домашната екипа заигра уште подобро во втората, и успеа да обезбеди солидно водство на полувремето (37:29).

Но не се задоволија со тоа избраничките на тренерот Александар Ашаданов. Напротив, по одморот се стекнаа и со доцифрени (45:34).

Се чинеше дека шампионот е на колена. Но кошаркарките на Баскет Кам 2011 се вратија во дербито и тоа како. Со серијата од (17-3), која им доенсе и водство (51:48).

Само како најава дека завршниот дел ќе биде и драматичен…

Се покажа како точна една таква констатација, ако се земе в предвид дека победникот беше одлучен на две секунди пред крјаот, оние во кои Моника Зафировска погоди две од трите слободни фрлања. За минимални (64:62), кои се покажаа и како победнички.

Кошаркарките од Македонска каменица дури и успеаја да поентираат во оние две секунди, но по прегледот на ТВ снимката судиите проценија дека тие поени на гостинската екипа не важат, и прогласија победа за вардар.

Петта за девојките во „црвено-црна“комбинација, за максимален ефект, и прв пораз за бранителот на титулата во новата сезона.

На својот прв настап во дресот на вардар, Селцова потигна 18.поени, младата репрезентативка Начевска погоди четири тројки за 16.поени, додека пак Зафировска финишираше со 10 (и шест скока).

Во екипата на Баскет Кам 2011, со 20. реализации прв стрелец беше Кметовска (дополни со 11.скока), Тасевска даде 13 (осум скока), а Димова имаше уште десет поени (девет скока и пет асистенции).

Извор: КФСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *