ДПД „САСИ“ учествуваше на Конференцијата за размена на добри практики и искуства со најнапредните доброволни противпожарни системи од земјите на ЕУ

ДПД „САСИ“ учествуваше на Конференцијата за размена на добри практики и искуства со најнапредните доброволни противпожарни системи од земјите на ЕУ

 

Македонска Каменица, 26. Октомври 2023 година – ДПД САСИ од Македонска Каменица учествуваше на Конференцијата за размена на добри практики и искуства со најнапредните доброволни противпожарни системи од земјите на ЕУ. Конференцијата се одржа од 17 до 20 октомври, како дел од проектот “Преку мрежа на доброволни противпожарни друштва до подобра цивилна заштита на луѓето и природата во Република Македонија”.

Добрите практики и искуства ги презентираа противпожарни експерти: од Република Австрија Др.Михаел Халвакс Michael Halwachs, од Република Словенија Г-ѓа Марија Кунстељ Marija Kunstelj и од Република Хрватска Г-дин . Стјепан Ковачек.
На конференцијата свое обраќање имаше директотот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Г-дин Генерал Стојанче Ангелов , кој даде силна поддршка за формирање на функционална, стабилна и одржлива МРЕЖА на ДПД-а во државата.
Директорот Ангелов истакна дека во секој поглед и секогаш ќе излезе во пресрет на сите позитивни барања во насока на унапредување на работата на ДПД-ата, а со тоа ќе се добие подобрена и зголемена цивилна заштита на целокупната популација и природата.
Конференцијата ја затвори министерката за одбрана ,Славјанка Петровска која истакна дека доброволните пожарникари со својата хуманост, несебичност и храброст се многу важна алка во кризниот менаџмент за справување со пожарите и останатите елементарни непогоди. Министерката ја истакна својата најискрена заложба да ДПД-ата бидат препознаени и потпомогнати од системот, бидејќи истите се двигатели на цивилната заштита и се најдобри познавачи на своите локални заедници.
Министерката Славјанка Петровска потенцира дека еден од приоритетите на Министерство за одбрана / Defence MKD, е реформа на системот за кризен менаџмент и цивилна заштита, со која ќе бидат надминати сите досегашни слабости, каде и ДПД-ата ќе го добијат заслужениот статус во општетсвото.
Проектот го имплементира Добровоното противпожарно друштво Свети Николе, финансиски поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (CRM) е програма за непарична поддршка на граѓанските организации што се спроведува во рамки на проектот „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската унија (ЕУ).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *