ДПД „САСИ“ револтирани од начинот на распределба се откажаа од средствата доделени од Советот на Општина Македонска Каменица

ДПД „САСИ“ револтирани од начинот на распределба се откажаа од средствата доделени од Советот на Општина Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 30. Август 2023 година – Во текот на денешниот ден, од Доброволното противпожарно друштво „САСИ“ од Македонска Каменица беше објавено Соопштение за јавност во кое ги истакнуваат причините поради кои јавно се откажуваат од средствата доделени од Советот на Општина Македонска Каменица.
Текстот од соопштението за јавност објавено на официјалната фејсбук страница на Доброволното противпожарно друштво „Саси“ од Македонска Каменица, како реакција на дел од одлуките донесени на последната 29. Седница на Совет на Општина Македонска Каменица, ви го пренесуваме во целост:
Почитувани,
На одржаната Седница на Совет на Општина Македонска Каменица на 22 Август 2023 година, во делот за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, после нејасни критериуми и правилници (заклучок од видеото од Седницата на Совет на Општина Македонска Каменица на 22 Август 2023 година) за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, на Доброволното противпожарно друштво САСИ М.Каменица беа доделени 20,000 денари.
Најпрво би сакале да се заблагодариме на Совет на Општина Македонска Каменица за разгледувањето на нашето барање и доделување на финансиски средства, но со оглед на целокупната распределба на средства за здруженија на граѓани (гледајќи го видеото од Седницата на Совет на Општина Македонска Каменица на 22 Август 2023 година) сметаме дека ова е понижувачки, непрофесионално и демотивирачки за членовите – доброволци на ДПД САСИ М.Каменица водејќи се од нашата основна цел за помагање при гаснење на пожари и справување со елементарни и природни непогоди кои се од општ заеднички интерес првенствено за граѓаните на Општина М.Каменица, Ве известуваме дека ЈАВНО СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД ДОДЕЛЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОМОШ.
Ние како ДПД САСИ М.Каменица остануваме на патот кој го имаме започнато и продолжуваме да се развиваме и да бидеме поддршка и јавен сервис на граѓаните на Општина М.Каменица во случај на елементарни непогоди и секако поддршка на пожарникарите од ТППЕ М.Каменица.
Ве замолуваме на овој пост да не се оставаат коментари со навредлива содржина и обиди за собирање на политички и лични поени.
Со почит,
ДПД САСИ М.Каменица

Линк до соопштението на ФБ страницата на ДПД САСИ Македонска Каменица:
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0ALtoCvMPfmSjfPSrYE5yjPmQkvQ147bVMwVPLE5gRenxtw7paDTDNWyyQK1XzECol&id=100083853895731

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *