ДПД “Саси” продолжува со обуки за своите членови

Македонска Каменица, 01. Јуни 2023 година – Доброволното противпожарно друштво “Саси” од Македонска Каменица продолжува со обуки за членовите на друштвото.

Денеска, од страна на командирот Малин Трајчевски и пожарникари при ТППЕ Македонска Каменица, во кругот на противпожарниот објект во градот, одржаа нова обука за членовите на ДПД “Саси”.

– Со овие обуки ќе се продолжи и во наредниот период, со што членовите на нашето доброволно противпожарно друштво, ќе може да учествуваат во разни интервенции и ќе бидат подготвени за учество во акции како дополнување на професионалната противпожарна единица, – стои во соопштението на “Саси” од Македонска Каменица

Воедно, од ДПД “Саси” уште еднаш ги повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат можност да донираат опрема и средства за потребите на друштвото. Со тоа, ќе бидат обезбедени елементарни услови со лична и техничка опрема за нормално функционирање на доброволното друштво при учество во интервенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *