ДПД „САСИ“ од Македонска Каменица започна со воведни запознавања и обуки за членовите на друштвото

Доброволното противпожарно друштво САСИ Македонска Каменица започна со воведни запознавања и обуки за членовите на друштвото

Македонска Каменица, 16. Јуни 2023 година – Во текот на претходните денови на дел од членовите на ДПД САСИ во кругот и просториите на ТППЕ во Македонска Каменица од страна на командирот на ТППЕ, Малин Трајчевски беше реализирано воведно запознавање од областа на теорија и типови на пожари, запознавање со техничките средства, опремата и возилата кои ги поседува Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица.
Со овие воведни запознавања и обуки ќе се продолжи и во наредниот период. Се надеваме дека, во наредниот период ќе имаме обука и од страна на овластени предавачи од државните институции. Обука која е неопходна за да може членовите на друштвото да учествуваат во интервенции како дополнување на професионалната противпожарна единица во нашиот град и регионот, – истакнуваат од ДПД САСИ Македонска Каменица
Во моментот друштвото не располага со доволна и соодветна основна опрема за членовите потребна за теренски интервенции. Со оглед на фактот дека станува збор за непрофитно друштво, од ДПД САСИ упатуваат повик до сите заинтересирани правни и физички лица, кои што имааат можност да донираат опрема и средства за друштвото. Со тоа ќе биде обезбедена соодветна работна и огноотпорна заштитна опрема, технички средства и останатата опрема, неопходна за учество во разни интервенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *