Преку социјалната мрежа Фејсбук многумина од просторите на поранешна Југославија успеаја да најдат вработување во Германија.
![](http://www.vrabotuvanje.com.mk/Content/contentImages/news/germanija1.jpg)
Приказната за Даниел Хорват која ја пренесе DW е уште еден пример за тоа. Имено, Даниел е возач во меѓународен транспорт од Загреб до Франкфурт, кој заработувал минимална плата, а правото на одмор не го ни имал. Во моментот кога одлучил да крене раце од се, се решил да започне да се огласува и да бара работа на групите за работа на Фејсбук.
“Се што дознав за заминувањето во Германија е преку тие социјални мрежи“, вели овој 29-годишник за DW.
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/22522505_10210305750104082_726902555_o-1-1.jpg)
Овие групи имаат до 50.000 членови. Секој член од групата може да праша и одговори на она што некој друг член го поставил како прашање, а е поврзано со вработување, студирање, средување документи или за секојдневниот живот во Германија – пренесува порталот Фактор.
Тоа е всушност место за средба на луѓе кои очајнички сакаат да заминат од тука и на оние кои веќе успеале во тоа.
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/26694804_10210912119382935_1943655561_n.jpg)
Групите можете да ги посетите на следните линкови: РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА-ПОМОШ-ИНФОРМАЦИИ, Одиме во Германија-народна група и Работа и стан во Германија.