Добра вест: Заболените оздравеле неколку дена по примање на експерименталниот лек за ковид-19

Пациентите што биле третирани со експерименталниот лек ремдесивир многу брзо закрепнале од коронавирусот, а некои биле пуштени од болница по неколку дена, објави порталот СТАТ Њуз, јави Си-ен-ен.

Станува збор за пациенти со сериозни респираторни симптоми и температура и биле дел од експерименталното лекување во болница на Универзитетот во Чикаго.

Загубивме само двајца пациенти, а огромно мнозинство е пуштено дома“, изјави Кетлин Мулан, специјалистка што го води експерименталното лекување на коронавирусот.

Универзитетот во Чикаго соопшти дека резултатите од експериментот ќе ги објави кога периодот на ваквото лечење ќе заврши и нема дополнителни коментари.

Во светот сè уште не постои одобрена терапија за лечење на ковид-19, но американскиот Национален институт за здравство започнува експериментални терапии со неколку лекови, од кои еден е спомнатиот ремдесивир. Истиот лек бил тестиран во лекувањето на ебола, но не бил успешен. Но тестирања врз животни покажале дека може да биде корисен во лекувањето на ковид-19, САРС и МЕРС.

СЗО во февруари објави дека ремдесивир има потенцијал за лекување на коронавирусот.

Повеќето наши пациенти оздравеа во просек за шест дена, што ни кажува дека терапијата може да трае помалку од десет дена“, рече Мулан.

Проблемот во нејзиното експериментално лекување е што не постои контролна група, така што засега нивните резултати нема со што да се споредат и сè уште не може да се утврди дали пациентите навистина биле излечени од овој лек.

„Гилеад сајанс“, американската компанија што го произведува лекот, го спонзорира неговото тестирање на 2.400 пациенти на 152 локации низ целиот свет, меѓу кои има и 1.600 пациенти со умерени симптоми. Компанијата соопшти дека очекуваат резултати од тестирањето до крајот на месецот.

Разбираме колку лекот за ковид-19 е итен и свесни сме дека ремдесивир покажува добри резултати. Сепак, сè уште има премалку податоци за да може да извлечеме какви било заклучоци. Сегашните податоци не се доволни за овој лек да се прогласи терапија за ковид-19“, се вели во соопштението на Гилеад сајанс за „Си-ен-ен“.

Фото: Getty Images

Izvor: ubavinaizdravje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *