Детскиот анимиран филм “Детето Фантом” во Домот на култура во Македонска Каменица

Момчето Фантом (Phantom Boy) во Домот на култура во Македонска Каменица

КИЦ Романса продолжува со редовни активностите и во текот на месец Јули. Оваа среда, на 06. Јули, со почеток од 19:00 часот, ќе биде прикажана кинопроекцијата на детскиот анимиран филм Момчето фантом. Влезниците, по цена од 50 денари, можат да се набават секој работен ден во Домот на култура во Македонска Каменица

Кратка содржина на анимираниот долгометражен филм наменет за детска публика над 8 годишна возраст: Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој е привремено во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен…
https://www.youtube.com/watch?v=2Pfi0Ffg64k

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *