Дербито во Тетово ќе го даде шампионот на Македонија! ЖФК Каменица САСА игра на победа против Љуботен

Утре, 31. Мај 2023 година, ќе се одигра последното 22. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија

Натпреварот помеѓу ЖФК Љуботен и ЖФК Каменица САСА, кој ќе игра на Спортскиот центар АМС во Тетово со почеток од 17:00 добива епитет на дерби на првенството, бидејќи натпреварот буквално го одредува и шампионот на Македонија за 2022/23 сезона.

ЖФК Каменица САСА мора да победи на утрешниот натпревар, како би ја вратиле титулата од првенството во Македонска Каменица.

Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на официјалната веб страна на ФФМ: https://tv.ffm.mk/

*Линк до преносот ќе биде споделен и на каменица.мк, од каде што ќе можете да пристапите кон истиот.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *