ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО

31.х.2017, Каменица (kamenica.mk)

Македонците се повеќе штедат и покрај ниските каматни стапки.  Според првиот човек на народната банка депозитите бележат раст од  5,8 %,  а растот на кредитите е 4,3% иако во државава имало повисоки стапки на раст сепак и  оваа стапка  како што рече стапка е солидна. Богов рече дека Македонците имаат потенцијал за постигнување на повисока стапка на штедење. Верува  дека во наредниот период  стапката ќе се зголеми, ќе се врати на трендовите кои вообичаено ги остварувал  банкарскиот систем, а беа присутни подолг период. Побара од банките да почнат да се прилагодуваат кон новите технологии и новите генерации на штедачи.

 Министерот за финансии  на Светскиот ден на штедењето рече дека штедењето преставува сигурен и најевтин начин на финансирање на домашната економија. Додаде дека повисоките стапки на штедењето водат до повисоки инвестиции. Според последните податоци 222 милијарди  денари  се вкупните депозити на населението во банките, а 80 милијарди денари се она што го имаат фирмите  во банките.
 Претседателот на Здружението на банкарство истакна дека банкарскиот систем остварува високо ниво на стабилност, а штедењето зазема централно место во работењето на банките. Традицијата на штедење во Македонија постои,  банките треба да ја одржуваат со конкретни производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *