Денеска се празнува споменот на Свети пророк Еремија. Света литургија отслужи нашиот епископ г. Марко

Денеска црквата го празнува споменот на Свети пророк Еремија, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Свети пророк Еремија” во Делчево.


– За време на Светата Литургија епископот одржа пригодна беседа во која накратко го појасни житието на овој пророк кој живеел неколку векови пред раѓањето Христово. Истакна дека малку православни храмови има посветено на овој голем пророк.

Исто така, г. Марко упати и кратки поуки до верниот народ околу традиција на соборите и ја појасни вистинската смисла и правилното сфаќање истите. Всушност секој ваков собир вистинската смисла ја добива само доколку сите верни живо учествуваат во Светата Литургија и на тој начин заедничарат со Христа.
Свети пророче и претходник Христов моли го Бога, да бидат спасени душите наши, – стои во целосното соопштение од нашата Делчевско – каменичка епархија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *