Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј. Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј.