Денеска е Преподобна Параскева – Петковден. Во народот позната како Света Петка

Во народот позната како света Петка. Неа и се посветени многу православни цркви во сите делови на христијанскиот свет. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград.

Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост.

Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *