Денеска го славиме еден од најсветлите христијански празници – Бадник

Го славиме еден од најсветлите христијански празници – Бадник, кој семејно го слават сите христијани.

Семејството се собира во исчекување на раѓањето на Божјиот син – Исус Христос. Празникот Бадник е посветен на домот, огништето, но и на починатите предци – роднини, кои исто така важат за дел од семејството.

Според библиските текстови, на Бадник започнуваат породилните маки на Дева Марија. Вечерва започнува прославата во која се слави Христовото раѓање.

На масата се ставаат непарен број јадења – 7, 9 или 11 . Меѓу нив се полнети пиперки со ориз, грав, леќа, варена пченица, пита од тиква… Според традицијата, колку повеќе јадења има, толку побогата ќе биде годината.

По кажувањето на молитвата „Оче наш“, домаќинот ја крши питата со парето и првото парче го остава пред иконата за Бога, второто е за куќата, а остатокот го дели на секој член на семејството. Се верува дека на кој и да падне пареата ќе има најмногу среќа во текот на годината.

Обичајот налага да не се станува за време на оброкот, а трпезата не се крева.

 

Денешната елка ја заменува новогодишната елка – трупец од овошно дрво кое гореше цела ноќ на 07-08 јануари во огништето за да помогне при раѓањето на новото сонце, новиот Бог, да му даде енергија и светлина.

Новогодишната елка со запалени свеќи го симболизира овој обред. Главните бои на неговото украсување се црвената, жолтата, златната – боите на сонцето и огнот, а запалените свеќи се како искри од запалената елка. Бадник го означува крајот на 40-дневниот Божиќен пост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *