Делчево страда од сѐ поголемиот број на разводи

Сѐ повеќе разводи во Делчево. Само во првите два месеци од годинава, осум брачни парови судски ставиле крај на брачната заедница, додека во последниве три години, според информацијата од Основниот суд во Делчево, официјално се раскинати 120 бракови. Во перидот од 2014 до денеска, само во еден случај е спасен бракот, односно тужбата е повлечена. Најчесто развод побаруваат мажите и тоа во 67 случаи, а жените поднеле тужба во 61 случај и најчесто с е  разведуваат млади брачни парови на возраст од 30 години.

Зад оваа статистика се кријат нарушени меѓучовечки односи во брачната заедница, напуштање на брачната заедница повеќе од една година, но и спогодбено ставање крај на брачната заедница.. Но последниве години на разводот кумуваат и социјалните мрежи, работењето во смени и љубомората, но и економската зависност и влијанието од родителите.

Проблеми ги имало и во брачната заедница на 76-годишниот Симеон и 74-годишната Вера од Делчево, но тие успеале да ја одржат брачната заедница  цели 52 години и денеска да се радуваат на првото правнуче.

  • Секогаш има проблеми и кавги, ама треба да се издржи кога ќе дојдат такви моменти, вели Вера Димитровска.

За да се сочува еден брак, треба да се сака тоа да се направи, велат овие стари брачни другари

  • Бракот е разбирање, компромис, помагање, ама треба да се има волја и желба за сето тоа, вели Симеон Димитровски.

Советот за барање компромиси и во бракот е секогаш добредојден за младите сопружници. Но, од Центарот за социјални работи во Делчево не добивме информација во колку случаи реагирал стручниот тим и придонел во сочувување на брачната заедница. Според нашите информации , пред десетина години, од 10 нарушени брачни односи, се спасувал по  еден брак годишно под влијание на стручниот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *