Рудник „Саса“ ќе опремува фитнес центар во каменичката „Куќа на спортот“

Рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица ги продолжува активностите за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Како докажана компанија со голема општествена одговорност, Рудникот уште еднаш излегува во пресрет на потребите на жителите од Каменица. Овој пат, ќе бидат инвестирани финансиски средства за опремување на Фитнес центар кој ќе биде сместен во новоизградената „Куќа на спортот“ на Градскиот стадион во Македонска Каменица. По опремувањето, овој Фитнес центар ќе биде на располагање на сите заинтересирани граѓани, а овој проект се реализира во насока на промоција на здрав живот и поттикнување на спортскиот дух кај Каменичани.

Од раководството на Рудник „Саса“ истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализација на вакви и слични проекти, кои се од интерес на локалните жители.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *