Делчево се подготвува за одбележување на 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев,Општина Делчево, и КУД„Гоце Делчев“ ќе организира повеќе активности под мотото „Делчево – во чест на Великанот Гоце Делчев. Како и секоја година, кон активностите се приклучува и ЈЛБ„Илинден“ – Делчево.

“Покрај тоа што заедно со КУД „Гоце Делчев“ распишавме Награден литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка”, одлучивме во просториите на библиотеката да реализираме изложба на сите литературни дела посветени на животот и делото на Гоце Делчев” – стои во соопштението за јавност, објавено на официјалниот фејсбук налог на ЈЛБ “Илинден” – Делчево

“Покрај оваа изложба, читателите и граѓаните на општина Делчево, ќе имаат можност да ги разгледаат и изложените ликовни дела посветени на ликот и делото на Гоце Делчев. Истите се творени од ученици во основните и средни училишта во Делчево”, – изјавуваат од ЈЛБ “Илинден” додавајќи дека Сите учесници во ликовната изложба и литературниот конкурс ќе добијат благодарници и подарок од ЈЛБ„Илинден“-Делчево”.

Дел од цртежите и творбите од литературниот конкурс „Гоце-наша ѕвезда водилка“, ќе бидат претставени и на 4 февруари на свечениот концерт по повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *