Делчево: Натчовечки напори беа потребни за да се изгасне пожарот на Голак

Со натчовечки сили , синоќа спасена шумата на Голак. Пожарот кој вивна во подножјето на Голак во атарот на селото Чифлик, вчера околу пладне ,бил локализиран околу полноќ. Причина за пожарот е човечки фактор, а запаленото пасиште зафатило 14 хектари површина, а изгореле 4,5 хектари шума.

  • Пожарот беше многу опасен до дрвата од прв ризик и ако не реагиравме соодветно и навреме, последиците ќе беа катастраофални, зашто огнот се ширеше и со брзина од 30 километри на час, кажа Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево.

Делчевските пожарникари повторно испраќаат апел до граѓаните да не палат стрништа

  • Аплеираме повторно да не се палат срништа зашто состојбите ескалираат, а последиците се несогледиви, вели Атанасовски.

Според евиденцијата на Центарот за управување со кризи, вкупно  за 56 години во март имало 27 пожари , додека само оваа година во истиот месец се евидентирани 17 пожари од кои 4 шумски.

  • Од 2015 до 2016  година имавме вкупно 58 пожари, зафатени беа 1.362 ХА шума , а 73.650 м3 дрвна маса изгоре, кажа  Драган Балас- ЦУК Делчево.

Бидејќи за сите шумски пожари причина е човечкиот фактор, надлежнте ќе организираат средби со населението за да им ја објаснат опасност од палење на стрништата.

Казните за сторителите кои предизвикале пожар се опфатени во два закони, според Законот за заштита и спасување  казната е 1000 евра, а соласно Законот кој ја третира проблематиката на замјоделието казната е  100 евра, но досега вакви казни се изречени на многу мал број сторители.

Извор: ТелевизијаСтар – Штип

Автор: Даниела Такева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *