Временска прогноза: Сончево и топло со температури до 26°С, утринските над нулата

Сончево со температура до 24 степени

Македонска Каменица, 1 април 2017

(www.kamenica.mk)

Времето во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот во планинските подрачја ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Македонска Каменица периодов ќд имаме претежно сончево време со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Без позначителни промени ќе биде времето и во недела кога утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 19 до 25 степени.

Во недела кон крајот на денот почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и со почетокот, а и во текот на следната работна недела, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, а повремено и со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег. Дневната температура ќе бележи опаѓање, па така во понеделник се очекува да се движи од 14 до 20 степени, а најниска во вторник од 12 до 18 степени.

Фото: Драган Костовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *