ДЕЛЧЕВО: Македонец и Бугарин фатени како разменуваат епрувети со медицински материјали

Македонец и Бугарин вчера биле приведени во Делчево, откако биле фатени како разменуваат медиицински материјал.

Според информациите, тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал. При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на бугарскиот државјанин Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност.

Извор: makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *