Делчево: Внук ја „испразнил“ картичката на својот дедо, одзел вкупно 468.832 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопшти МВР.

Претходно, на 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари, велат од министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *