Делчевец за 100 денари ќе убиел вработен на бензинска пумпа на “Макпетрол” во Скопје

Делчевец ќе убиел вработен на бензинска пумпа на “Макпетрол”во Скопје за 100 денари, заканувајќи му се со пиштол.

Тој е уапсен од единицата “Алфа”, непосредно по извршеното разбојништво. Како што информираа од МВР, станува збор за 24- годишниот В.И. (24) од Делчево, кому судија во претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
В.И. разбојништвото го извршил на 1. овој месец, околу 02:45 часот на улицата “Никола Карев”, поточно на бензинската пумпа на “Макпетрол” АД Скопје. Пред да одлучи да го нападне вработениот, тој купил пиштол од Бит-пазар и го скрил во еден камион, паркиран во непосредна близина на бензинската пумпа. Вечерта дошол и, откако го зел пиштолот од камионот, ја ставил маската на лицето и се упатил кон вработениот. Со закана со пиштол кон него, му наредил да му ги даде парите од прометот кои ги носел во чантата. Тој, исплашен за својот живот, ја отворил чантата, со цел да му ги даде, но осомничениот сам посегнал и ги извадил парите во износ од 100 денари, по што избегал во правец на железничката станица. Вработениот побарал помош од единицата “Алфа”, чии припадници во тој момент биле во внатрешниот дел од објектот на бензинската пумпа. Тие почнале да го бркаат, и по кратко време успеале да го стигнат и совладаат, по што го привеле полициската станица Центар каде што во детали го признал делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *