Кочани: Во сообраќајна незгода повредена 17 годишна тинејџерка

17-годишна кочанчанка со сериозни повреди синоќа итно била пренесена во штипската Клиничка болница. Нејзината состојба е последица на сообраќајна незгода која доцна синоќа се случила во Кочани.

Имено, автомобил Опел корса, управувано од 23-годишен кочанчанец, удрил во девојката која се движела пеш, по што таа се здобила со тешки телесни повреди. По незгодата, тинејџерката била пренесена во кочанската болница, каде и биле констатирани скршеници на подколеницата, клучната коска на рамото и потрес на мозокот.

Поради лошата состојба, девојката е пренесена во Клиничкиот центар – Штип , каде е задржана на понатамошно лекување. Кои биле причините за несреќата, полицијата веќе истражува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *