Двајца Бугари во комбе шверцале 62 мигранти. Фатени случајно дури во Хрватска

Хрватската полиција доцна синоќа открила околу 60 лица, за кои се претпоставува дека се мигранти, при редовна контрола на товарно возило со странски регистарски таблици во околина на градот Новска, во близина на границата со БиХ.

Некои од луѓето биле во многу тешка здравствена состојба, соопшти полицијата. На местото на проверката веднаш биле повикани екипи на итна медицинска помош и сите кои имале потреба се префрлени во болница.

Полицијата започнала со сослушување на возачот и патниците, за кои се претпоставува дека нелегално ја преминале границата. Мигрантите веројатно се државјани на арапски земји, иако се уште нема официјална потврда за нивното потекло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *