Нашиот сограѓанин, Дамјан Стоименовски уште еднаш ја воодушеви македонската публика, овој пат со неговата прва песна “ Те губам” .
Музиката и аражманот се на Гоце Симоноски,додека текстот е на Ивана Димова. Зад видео записот стои Владислав Гавриловки , а видеото е снимано на повеќе локации во Скопје.
Ова младо момче има 20 години и е студент на правниот факлутет “Јустинијан Први”. Дамјан е страствен љубител на музиката и пеењето.
Тој редовно посетува часови по пеење , а досега има преработено неколку музички нумери. Редовно учестува на сите манифестации и музички настани во општина Македонска Каменица и регионот. Има учествувано на балканско музичко шоу, а има освоено голем број награди на државни натпревари.