Дали треба да се ограничи пристапот на социјалните мрежи за децата без соодветен надзор?

Дали треба да се ограничи пристапот на социјалните мрежи за децата без соодветен надзор?

Дали треба да се забранат некои социјалните мрежи за децата за да не можат да ги употребуваат без соодветен надзор?

Ова прашање се отвора откако во борбата за клик и лајк повеќе на социјални мрежи згасна живот на дете, четиринаесетгодишно девојче кое живо изгоре по струен удар од каблите над пругата кај железничката станица „Илинден“, во обид, според очевидци, да сними интересно видео за на „тик-ток“.

Според премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе се разгледува опцијата за регулирање на упоребата за социјалните медиуми, ама во иднина.

Според дел од комуниколозите и познавачите на влијанијата што социјалните медиуми го имаат врз луѓето, веќе се доцни со ваквите превентивни акти. Според Бојан Кордалов, државата треба повеќе да се насочува кон проблемите и општествените состојби, наместо да се занима со гола политика.

-Кај нас родителите најчесто се оставани сами, општеството и институциите не помагаат. Ние се бавиме со гола политика, со тоа кој ќе дојде, а кој ќе замине од власт, кој каква привилегија ќе има, тендери зема или ќе зема, моќ, а забораваме дека имаме деца, млади, општество, луѓе, на кои треба да се стави фокусот. Мора тоа да се промени. Доцниме со ваквата работа, не можат родителите сами, секој на свој начин да се борат.-Бојан Кордалов – Комуниколог и експерт за социјални медиуми.

Во меѓувреме и психолозите тврдат дека во недостаток на системски решенија во образованието, товарот паѓа на родителите. Во тинејџерските години, децата слушаат што им кажувате, но кога ќе излезат го прават обратното, затоа треба прво да дознаете како размислуваат и да ги стимулирате самите да ја разберат евентуалната опасност, вели Гордана Блажевска Спиридонава.

Во изминатиов период имаше и низа несреќни случаи што завршија со тешки последици додека тинејџери снимале видеа на железнички станици. Претходно деца организираа и опасни игри на булеварите, што се снимаа, па се објавуваа на социјалните мрежи. Една од нив беше кој највеќе ќе издржел да лежи на улица додека кон кего наидува автомобил.

 

Извор: kanal5.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *