Дали и вие сте еден од паровите кои зимно време „војуваат“ за висината на собната температура?

Третина од паровите зимно време „војуваат“ за висината на собната температура

Во Здраво Тело (kamenica.mk)

Група научници докажа дека на жените им е постудено кога овулираат и тоа поради покаченото ниво на естроген во организмот.

Со почетокот на грејната сезона, започнува и „војната“ на паровите за висината на собната температура, со тоа што припадничките на понежниот пол, преферираат за некој степен повисока температура.

Според статистиката направена од „Corgi Homeplan“, британска фирма која одржува бојлери и термостати, една третина односно 14% од жените ја зголемуваат температурата кога партнерот не гледа. Според податоците, за жените идеалната температура се движи од 24 до 25 степени, а мажите пак сакаат за два степени пониска.

Покрај естрогенот кој има важна улога за студенилото кое жените го чувствуваат, на второ место е метаболизмот, кој кај мажите функционира побрзо, а со тоа тие добиваат и поголема мускулна маса, која во комбинација со добрата циркулација е причина тие полесно да поднесуваат студени температури.

Leave a Reply

Your email address will not be published.