Граѓаните од регионот на социјалните мрежи организираат потрага по исчезнатиот жител на село Дулица

На 25.04.2023 во 23.55 часот во СВР Штип, Ј.А. од с.Дулица-Македонска
Каменица, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Т.А.

Граѓаните од регионот на социјалните мрежи организираат потрага по исчезнатиот жител на село Дулица, Македонска Каменица. Случајот веќе е пријавен во МВР од каде информираат дека, „на 25.04.2023 во 23.55 часот во СВР Штип, Ј.А. од с.Дулица-Македонска Каменица, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Т.А“. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето – се вели во соопштението од СВР Штип

Во текот на утринските часови група на граѓани од Македонска Каменица, Делчево, Виница и Кочани преку објави на лични налози на социјалните мрежи организирано пристапуваат кон потрага на исчезнатиот жител на село Дулица. Во потрагата се вклучени и членови организирани преку Ловни здруженија од Македонска Каменица и Делчево, како и Доброволни противпожарни друштва од нашата Општина и регионот.

Во прилог линк и фотографија од првичната објава на социјалните мрежи:

ЛИНК: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid09CkWPGZ2dvtg7wMgq3yzooA5fQEkdJwdVh3dh2hR8w8SEajjWEmANusSbWVwjQEAl&id=100001254635862&mibextid=Nif5oz

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *