Градскиот пазар во Македонска Каменица е исплатлива инвестиција

Во текот на 2013 година, на почетокот на вториот мандат на градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, беше пуштен во употреба нов Градски пазар во Македонска Каменица. Овој модерен објект е изграден од специјални огно-отпотни материјални, составен е од покриенo-отворен дел и од покриено-затворен дел и ги исполнува НАССР-стандардите. Градскиот пазар се простира на површина од околу 2500 метри квадратни и е еден од најзначајните објекти изградени во Македонска Каменица во последниве триесетина години. 

Покрај значителното подобрување на условите за трговците и за потрошувачите, и покрај естетските придобивки за Општината, новиот Градски пазар се покажува и како исплатлива инвестиција. Профитот кој го остварува е четирикратно зголемен, со што и практично е вратена околу една шестина од вложените финансиски средства. Со Градскиот пазар стопанисува Јавното претпријатие „Камена Река“, а профитот кој се остварува од издавање површини се употребуваат за реализација на нови проекти и активности, и за подобрување на квалитетот на услугите кои Јавното претпријатие им ги нуди на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *